Партизан му понуди договор на Американец со солидна НБА кариера

Управата на белградски Партизан нема намера да запре со засилувањето на својот ростер и му понуди договор на Американецот Тори Крег, кој во моментов игра за Чикаго Булс во НБА лигата. 

33-годишниот крилен играч има солидна НБА кариера и настапуваше за Милвоки, Феникс и Индијана, а во дресот на Чикаго минатата сезона имаше просек од 5,6 поени, но не добиваше голема минутажа поради неколкуте ситни повреди. Најдобар скор имаше во сезоната 2022/23, кога во дресот на Феникс Санс просечно бележеше 7,3 поени и 5 асистенции. 

„Црно-белите“ веруваат дека тој би можел да биде од голема корист за нивниот тим, а понудата е со важност до истекот на следната сезона. Преговорите се во тек и наскоро се очекува конечното решение на Крег.