• Мартин Танасковски
Екипата на Партизан ја оправда фаворитската улога, убедливо славеше над Борац (96-66) и победнички ја отвори сезоната во регионалната АБА-лига каде тимот е меѓу фаворитите за титулата.
Во сите четири периода „црно-белите“ од Белград имаа доминација. Екипата на Жељко Обрадовиќ немаше осцилации и делуваше доста моќно во АБА-дуелот против аутсајдерот на хартија. Четвртините завршија со резултат 24-19, 22-17, 31-12 и 19-18.
Сите кошаркари во ростерот на Партизан добија шанса, најдобар стрелец беше Џонс со 14 поени, пред Вашингтон со 13 поени, додека Бонга, Браун и Пукушевски имаа по 11 поени. Кај Борац, Гагиќ даде 13, а Валинскас 12 поени.
Во следната АБА-рунда, Партизан го очекува гостување кај новајлијата Суботица.