Партизан казнет поради нереди на трибините за време на дербито со Црвена Звезда

Кошаркарскиот клуб Партизан заработи казна од АБА лигата поради лошо организиран натпревар. Се работи за дерби дуелот од седмото коло против Црвена Звезда кој Партизан го доби со 75-72. 

Дисциплинсиот судија на Јадранската лига, Саша Павличиќ-Бекиќ објави дека казната се однесува на повеќе сегменти. Во извештајот се споменува фрлање на разни предмети во теренот, тепачка на трибините, како и навредите до гостинскиот тим, неговата управа и судиите. 

Партизан ќе биде казнет со 12.000 евра, како и затворање на дел од трибините за средбата со Крка од деветтото коло. Пред тој натпревар, „црно-белите“ ги чека гостување кај лидерот Будуќност за три дена.