• Горан Упале
Екипата на Партизан му се реваншира на лутиот ривал Црвена Звезда за поразот во нивното прво соочување во АБА лигата сезонава и пред својата публика во „Арена“ славеше голема победа (81-74), со која стави крај на регуларниот дел од регионалното натпреварување.
Кошаркарите на Партизан доминираа во првото полувреме и си обезбедиja убедлива предност. „Црно-белите“ отворија силно и по првите десет минути водеа со 24-18, наметнувајќи висок ритам и контрола врз играта. Во втората четвртина Партизан беше уште поефикасен, постигнувајќи 26 поени наспроти 19 на противникот, со што на паузата замина со сигурна предност од тринаесет поени (50-37). Најефикасен во редовите на Партизан во првиот дел беше Осетковски со 10 поени, додека кај Црвена Звезда најрасположен за игра беше Нвора, кој постигна седум поени.
„Црвено-белите“ се разбудија по паузата и во третата четвртина покажаа што знаат. Монеке и Картер се разиграа, а предноста на Партизан почна да се топи. Во последниот квартал се влезе со само шест поени предност на домаќинот (64-58), a на паркетот се водеше вистинска кошаркарка битка. Како се ближеше крајот, така нервозата растеше кај двете екипа и на крај Партизан излезе како победник и заслужено славеше со 81-74.
Бонга и Осетковски со по 15 поени беа најпрецизни во таборот на победничкиот тим, а за Црвена Звезда прв поентер беше Монеке (19), пет повеќе од Нвора.



