Партизан ја грабна осмата титула и стана најтрофеен во АБА!

Екипата на Партизан ја заврши сезоната со трофеј. Црно-белите од Белград дома славеа над Будуќност (90-75) и така дојдоа до осмото одличје во АБА-лигата, со што поставија рекорд.

Тимот на Жељко Обрадовиќ дојде до победата рутински, а работата им се олесни затоа што Будуќност остана без најдобриот играч Рајт кој се повреди по само минута и пол игра и го напушти теренот со лекарите.

Најдобри стрелци кај победникот беа Дејвис и Браун со по 18 поени, пред Џонс со 17 поени, додека кај Будуќност се истакнаа Ферел со 23 и Танасковиќ со 14 поени, а Камењаш додаде 11 поени.

Партизан е на врвот во АБА-лигата со осум титули, зад него е Црвена Звезда со седум освоени титули.

ФОТО: АБА Лига / Драгана Стјепановиќ