• Саше Љолес

Кошаркарските клубови Партизан и Црвена звезда биле дел од важен состанок на раководството на Евролигата, на кој се разговарало за идниот систем на лиценци и проширувањето на натпреварувањето.
Двата белградски клуба, кои во моментов имаат тригодишни лиценци, се меѓу кандидатите за добивање долгорочен статус во елитното европско натпреварување. На состанокот се разгледувала можноста за доделување нови, подолгорочни „А“ лиценци, како и потенцијален премин кон модел на франшизи.
Покрај Партизан и Црвена звезда, интерес за ваков статус покажале и други клубови кои веќе настапуваат во Евролигата или имаат амбиции да станат дел од неа.
Се очекува конечните одлуки да имаат големо влијание врз идната структура на лигата, а белградските клубови се сметаат за сериозни кандидати поради нивната стабилност, резултати и голема поддршка од навивачите.





