Партизан и Црвена Звезда ги преболеа поразите во Евролигата и одиграа според планот во АБА

Кошаркарите на Партизан го преболеа двојното коло од Евролигата, во која минатата недела забележаа два последователни порази и вечерва со убедлив триумф во Железник се вратија на победничкиот колосек. Во седмото коло од АБА-лигата, „црно-белите“ го совлада ФМП со 91-64 и го задржаa стопроцентниот учинок во регионалното натпреварување.

Листата на стрелците на Партизан ја предводеа Лундберг со 15 и Вашингтон со 14 поени. По натпреварот со Париз во Евролигата, Партизан во следното коло ќе гостува кај Дубаи во АБА лигата, додека ФМП по обврските во Лигата на шампионите на ФИБА против Мурсија ќе ги одмери силите против Крка во регионалното натпреварување.

Нова победа во АБА натпреварувањето елитата забележа и најголемиот конкурент на Партизан, Црвена Звезда. Звездашите во ефикасен натпревар со дури 178 поени ја совладаа Цедевита Олимпија и со тоа ја запишаа четвртата последователна победа во јадранскиот шампионат.

Најефикасни во црвено-белиот тим беа Кенан со 15 поени, односно Урош Плавшиќ со 13, додека најрасположен на натпреварот беше бекот на Цедевита, Двејн Стјуарт Јуниор со 21 поен.