Партизан и Болоња фаворити, стартува јубилејната сезона во Еврокупот

Јубилејната дваесетта сезона на Еврокупот започнува со денешниот дуел во Анкара помеѓу Турк Телеком и Метрополитен и по многу нешта ќе биде уникатна.

Регионот на поранешна Југославија ќе има три претставници - Партизан, Будуќност и Цедевита Олимпија. Главната награда е место во Евролигата, и тоа место е загарантирано само на шампионот. Финалистот исто така може да влезе во елитното натпреварување, но под услов Монако или Уникс (финалистите од сезоната 2020/21) да не се пласираат во плеј-офот.

Во текот на летото, системот на натпреварување беше сменет и наместо четири групи со по шест екипи, сега имаме две групи со по десет екипи, што значи дека секој тим ќе одигра дури 18 натпревари во првиот дел од сезоната. Нема повеќе ТОП 16 и нема повеќе серија од две победи во плејофот... И сето тоа се очекува да ја направи конкуренцијата уште поголема и ова натпреварување уште поатрактивно.

Континуираниот раст на Еврокупот може да се забележи и низ призмата на двајца тренери, поранешни светски шампиони, Жељко Обрадовиќ и Серџо Скариол, кои ја прифатија (не) благодарната работа да се обидат да се вратат во најелитната европска дивизија со клубови со славна минато. Партизан и Виртус Болоња се првите фаворити во Еврокупот.