Партизан го „освои“ Минхен и остана перфектен во Евролигата

Кошаркарите на Партизан продолжија со перфектниот старт во Евролигата и по третото коло. „Црно-белите“ славеа на гостувањето кај Баерн Минхен со 84-86 во интересен и неизвесен натпревар во Баварија. Партизан по двете домашни победи отпатува во Минхен со желба да го продолжи победничкиот ритам, а задачата ја заврши успешно и на жешкиот гостински терен.

Најзаслужен за победата на Партизан беше Тони Џекири со 17 поени, додека Карлик Џонс постигна 16 поени и подели пет асистенции. Лука Вилдоса додаде осум, а Кевариус Хејс седум поени.

Баерн предводен од Двејн Вашингтон се обиде да стигне до пресврт, но не успеа во тоа. Американецот натпреварот го заврши со 20 поени, а одличен во домашниот табор беше и Јоханес Тиман постигна 17 поени и пет скока.

Со три победи во исто толку кола, Партизан на најдобар можен начин ја започна новата сезона во Евролигата.

Гостинска победа забележа и тимот на Валенсија кај Асвел со 92-105, додека Панатинаикос беше убедлив на домашен терен против Макаби Тел Авив (90-67).