Партизан го освои Купот на Радивоје Кораќ, Антиќ и Ц. Звезда со празни раце

Белградски Партизан е победник на Купот на Радивоје Кораќ, откако во тензично финале во Ниш ја совлада Црвена Звезда со 81-75. Перо Антиќ и Црвена Звезда првпат сезонава загубија од најлутиот ривал, кој водеше во текот на сите 40 минути. 

„Црно-белите“ одлично го почнаа натпреварот и брзо преку Вос и Величковиќ дојдоа до двоцифрена предноста. Бранителот на трофејот беше без решение и само Добриќ парираше. Целосно неочекувано Партизан на полувреме замина со 18 поени предност.

Момците на Алимпијевиќ почнаа да ја топат предноста на Партизан и со 12 поени за „црно-белите“ се влезе во последната четвртина. Милко Бјелица и Дангубиќ намалија на -6, а Партизан остана без Михајло Андриќ заради пет лични грешки. 

Момчите на Чанак останаа без енергија и се обидоа со цврста одбрана да го добијат финалето. На половина минута до крајот на средбата Црвена Звезда намали на 76-73, но немаше сили за пресврт и Гагиќ ја потврди победата. 

Вилијамс Гос со 23 и Величковиќ со 13 поени се истакна кај Партизан. Нашиот Перо Антиќ одигра седум минути и постигна два поени. Дангубиќ и Бјелица со по 14 поени беа најпозитивни во поразената Црвена Звезда.