• Саше Љолес
Кошаркарите на Партизан возвратија еден удар во финалето на АБА лигата, откако славеа со конечни 84-70 над Дубаи во третиот натпревар, со што ја намалија серијата на 2-1 во победи.
Белградскиот гигант стигна до триумфот најмногу поради одличната прва четвртина, по која создаде предност од 13 поени, а потоа само се одржуваше во позитивен моментум и сосема заслужено се израдува пред своите гледачи.
Дубаи се обиде да стори нешто повеќе и да внесе поголема незивесност, но немаше сили за изненадување и затворање на серијата по само три натпревари. Партизан успеа да го одбрани домашиот терен и покажа дека не случајно е најтрофеен тим во ова натпреварување.
Најдобри поединци во победничкиот состав беа Карлик Џонс и Бруно Фернандо со по 15 поени, а на спротивната страна, по 17 поени имаа Бертанс и Кабенгеле. Четвртиот натпревар се игра в петок, со почеток во 20:00 часот.

