Партизан го доведе австралискиот џин Џок Лендејл

Автралиецот Џок Лендејл е четвртото засилување за српскиот гигант белградски Партизан. 211-сантиметри високиот центар доаѓа од Универзитетот Сент Мерис, каде минатата сезона беше прогласен за МВП на западниот брег на НЦАА лигата. 

Лендејл просечно бележеше учинок од 21,1 поени 10,2 скока по натпревар. Ова лето високиот Австралиец го носеше дресот на Атланта и постигнуваше 5,8 поени по натпревар.

Претходно Партизан ги доведе Загорац, Николиќ и Пејџ.