• Горан Упале
Претседателот на кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ, на Твитер се огласи за шпекулациите кои кружеа во последниот период поради лиценцата во Евролигата.
Мијаиловиќ истакна дека „црно-белите“ ги убедиле клубовите кои имаат сопственички удел, дека заслужуваат да играат во елитното натпреварување.
„Во текот на изминатата година имав средби со многу сопственици или претседатели на клубови кои имаат сопственички удел во Евролигата. Мислењето на секој од нив е дека успеавме да ја заслужиме нивната доверба и денес нè гледаат како долгогодишен партнер. Стабилизацијата на клубот на која работиме со години денес е јасно видлива.
Партизан нема долг и навреме ги плаќа сите свои обврски. Со системот што го создадовме, со силно раководство, со луѓе во стручниот штаб кои имаат децениско искуство во Евролигата, со полни трибини, на чекор сме од добивање на повеќегодишен договор за настап во најсилното европско кошаркарско натпреварување“, рече Мијаиловиќ.
Следниот натпревар на Партизан во Евролигата е во петок од 20:45 минути во Белград против Ефес.