Партизан дома „меле“ – од „минус 15“ до нова евролигашка победа

Екипата на Партизан го одбрани домашниот терен и ја продолжи позитивната серија во Евролигата. Тимот на Жељко Обрадовиќ дома го совлада Олимпија Милано (82-69) за четврти триумф во последните пет кола.

„Црно-белите“ до победата дојдоа на импресивен начин. Во средината на третиот период белграѓани губеа со 15 поени разлика од ривалот (45-60), ама следеше експлозија, магична игра во одбраната во последните десет минути и џиновска победа, на која сенка фрла повредата на Аврамовиќ.

Кевин Пантер даде 19 поени во триумфот, пред Кабокло со 15 поени, а Ледеј постигна 15 поени, додека кај италијанскиот тим Шилдс имаше 19, а Ло 12 постигнати поени.

На останатите натпревари Алба Берлин во ефикасен меч загуби од Анадолу Ефес (89-97), диригираше Шејн Ларкин со 32 постигнати поени, додека Реал Мадрид во дербито во Атина го совлада Панатинаикос (90-78) воден од Хезоња (19 п.) и Дек (16 п.).