• Сашо Поповски

Екипата на Партизан го договори четвртото летно засилување. Се работи за Јоанис Папапетру, кој доаѓа од редовите на Панатинаикос.
Гркот наводно ќе се задржи во тимот на Жељко Обрадовиќ во следните две сезони, а неофицијално ќе инкасира 1,7 милиони евра со бонуси за тоа време. „Црно-белите“ ги доведоа Данте Ексум, Данило Анѓушиќ и Џејмс Нанели, а се разделија од капитенот Раде Загорец и првотимците Далас Мур и Немања Дангубиќ.
Во сезоната 2022/23 белградските „црно-бели“ добија „вајлд-карта“ и ќе играат во Евролигата. Тоа задоволство ги чинеше половина милион евра. Во првото коло од најсилното европско клупско натпреварување Партизан ќе се сретне на шести октомври во Берлин против Алба.