Партизан броеше до 113 и го декласира Задар во АБА лигата

Кошаркарите на Партизан извојуваа убедлива победа над Задар со 113-74 и со тоа триумфално го завршија регуларниот дел од АБА лигата. Ова беше натпревар без возбудувања, бидејќи „црно-белите“ уште од самиот старт покажаа дека се неколку нивоа над својот ривал. 

Веќе по првиот квартал беше +9, а на полувремето Партизан имаше 14 поени предност. По три четвртини предноста изнесуваше +20, а во последната делница водството продолжи да расте до последниот звук на сирената и максимална предност од 39 поени. 

Така, Партизан оствари една од најубедливите победи сезонава и не му даде ниту момент на Задар да се надева дека може по вторпат сезонава да се надигрува.

Алекса Аврамовиќ постигна 18 поени, Џејлин Смит додаде 16, а Џејмс Нанели запиша 14 поени. На спротивната страна се истакнаа Дарио Дрежњак и Карло Жганец со по 15 поени, додека Лука Божиќ оствари „дабл-дабл“ учинок од 10 поени и 10 асистенции.

Вреди да се напомене дека ниту една екипа немаше императив за победа, бидејќи и двете обезбедија пласман во плеј-офот, а веќе се познати сите двојки од четвртфиналето.

(1) Црвена Звезда - СЦ Дерби (8)
(2) Партизан - Игокеа (7)
(3) Иднина - Задар (6)
(4) Мега - Цедевита Олимпија (5)