Партизан блесна на стартот, па прими „стотка“ и загуби во Мадрид

Партизан

Кошаркарите на Партизан отворија со 40 поени во првата четвртина, но запишаа пораз на гостувањето кај Реал Мадрид (105-97) во десеттото коло од Евролигата.

Само во првиот квартал тимот на Жељко Обрадовиќ беше доминантен. Меѓутоа, остатокот од мечот им припадна на „кралевите“.Тие ја запишаа петтата победа во низа со рутински пресврт до крајот на мечот. „Црно-белите“ од Белград шести пат запишуваат негативен резултат во елитното друштво оваа сезона. Љуљ и ЛеДеј со по 20 поени беа најдобри стрелци на оваа средба.

Лидерот на табелата Фенербахче со одлична трета четвртина обезбеди нов триумф на гости кај Олимпија Милано (72-82). Домаќинот имаше само еден слаб период, кој на крај го плати со пораз пред свотите гледачи. Хејс со 21 поен и пет скока беше прво име кај гостинскиот тим, кој остана на врвот на табелата.