• Горан Упале

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, Работнички, по повеќе од десет години повторно се врати на европска сцена, но не успеа да ги израдува своите фанови, откако го загуби двомечот со рускиот тим Парма Пермски Крај.
По високиот пораз во Русија од 88-63, речиси беше невозможно Работнички да се пласира во второто квалификациско коло на ФИБА Европа Купот, а разликата во квалитетот вечерва беше потврден откако Парма во „Борис Трајковски“ славеше нова победа од 73-95.
Рускиот тим подобро го започна мечот и со две брзи тројки и едно погодено слободно фрлање по само две минути игра поведе со 0-7. Центарци брзо се созедоа и кон средината на првата четвртина намалија на 10-12, но со серија од 5-0, Парма повторно поведе со +7 (10-17). Сепак, момците на Докузовски заиграа поагресивно и неколку лесни коша на првата мала пауза заминаа со позитива од +1 (20-21).
Иако присутните фанови во „Борис Трајковски“ кои беа во многу мал број, очекуваа дека Работнички барем ќе дојде до пирова победа, сепак, Русите во следните три четвртина докажаа дека се за класа подобри од нашиот претставник и заслужено запишаа уште една убедлива победа. Вториот период им припадна на гостите со 26-18, додека во третите десет минути следуваше тотален пад во играта на центарци и тоа Парма го искористи и ги доби со +17 (31-14). Последната четвртина беше чиста рутина за гостите кои на крај славеа со убедливи +22 (73-95).
Маркус Гинјард со 26 и Чековски со 14 поени беа најефикасни, а Костов додаде 13 поени кај Работнички. Американецот Френк Гејнс со 30 поени блесна кај Парма, а Иван Уков забележа 14 поени.