Паркер: Сакам еден ден мојот Асвел да ја освои европската НБА лига

Во текот на летото многу се зборуваше за францускиот Асвел, особено по најавите дека клубот ќе располага со буџет од неверојатни 59 милиони евра и дека ќе донесе серија звучни засилувања.

Сепак, плановите не се одвиваа според очекувањата, а најзвучното летно засилување, Силвен Франциско, реши да го напушти францускиот клуб и да потпише за Панатинаикос.

Асвел во меѓувреме го продолжи договорот со Евролигата за следните десет години, но изјавата на клупската легенда и актуелен тренер Тони Паркер предизвика големо внимание. 

„Мислам дека најдобрата инвестиција, доколку сè биде во ред, би била Асвел да се приклучи на НБА. Мој сон е еден ден да го освојам НБА првенството на Европа со Асвел. Тоа би било фантастично“, изјави Паркер.

Неговите зборови веднаш отворија низа прашања, особено затоа што во моментов не постои договор меѓу Евролигата и НБА за заедничко натпреварување, иако такви најави постојат веќе подолго време.