Париз ќе го замени Лондон, Милвоки и Шарлот ќе играат на европско тло

Шарлот Милвоки

Најсилната кошаркарска лига во светот, НБА, продолжи со политиката да се прошири насекаде во светот.

Голем чекор беше направен со закажувањето на натпревар од официјалната сезона 2019/20 на европско тло. Се работи за дуелот меѓу Шарлот Хорнетс и Милвоки Бакс кои ќе ги одмерат силите на 24 јануари 2020 година во Париз.

Глобалните мечеви кои досега беа одржувани во Лондон, се префрлаат во престолнина на Франција. Фановите ќе имаат можност да уживаат во игрите на француските интернационалци Николас Батум и Тони Паркер како и многу други европски кошаркари.

Најзвучно име ќе биде Гркот Јанис Антетокумпо кој игра феноменална сезона и моментално е меѓу најдобрите кошаркари во светот.

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, изјави дека во иднина ќе биде организиран натпревар и на поатрактивни екипи и гостување на најголемите ѕвезди пред европските љубители на кошарката.