Париз и Шортс се збогуваа со минатогодишниот капитен

Управата на Париз Баскет реши да ја раскине соработката со минатогодишниот капитен на тимот, Михаел Кесенс. 

33-годишниот центар лани беше дел од тимот кој ја освои титулата во Еврокупот, но сезонава одигра само еден меч под водство на Тиаго Сплитер и беше јасно дека ќе го напушти клубот во првата прилика. 

Францускиот евролигаш во моментов е на третата позиција во Евролигата со скор од 10 победи и четири порази, а во следното коло ќе се соочи со Црвена Звезда во белградската „Арена“.