• Горан Упале
Кошаркарите на Париз се вистинско освежување и изненадување оваа сезона во Евролигата. Синоќа кошаркарите од градот на светлината запишаа нова победа во елитата, откако ја „треснаа“ Алба со 92-83, а на овој натпревар и соборија рекорд во Евролигата.
Париз е тимот со најмногу шутеви за три поени во еден натпревар од Евролигата во нивната прва сезона во натпреварувањето.
Погодија вкупно 52 тројки. Хеифи е лидер со 19 обиди, од кои влегоа седум, а него го следи Вард со 6/12 тројки. Сите останати имаат вкупно уште 21 удар и погодени се 20, што е 38%. Во таборот на Париз блеска македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој синоќа беше меѓу најдобрите поединци против тимот од Берлин.