Париз Баскет се засили со европски шампион од Олимпијакос

Францускиот репрезентативец Френк Ниликина има нов клуб. 27-годишниот кошаркар официјално потпиша за Париз Баскет, со што се враќа во француската кошарка.

Ниликина пред два месеци го раскина договорот со Олимпијакос, каде што минатата сезона во Евролигата просечно постигнуваше 4,5 поени по натпревар. Во грчкото првенство имаше подобар учинок, со просек од 8,4 поени.

Во досегашната кариера францускиот бек настапуваше и за Партизан, Њујорк Никс, Шарлот, Далас и Стразбур.

Ниликина има и богато репрезентативно искуство. Со Франција освои два сребрени медали на Олимписките игри, а има и бронза од Светското првенство.

Новиот клуб веднаш го очекува сериозен предизвик во Евролигата. Париз ќе ја започне сезоната на 24 септември со гостување кај Фенербахче.