Парите пресудија: Дубаи од следната сезона официјално во АБА лигата!

Она што се најавуваше подолго време, конечни доби и официјална потврда. Кошаркарскиот клуб Дубаи е примен во АБА лигата и од следната сезона ќе биде првиот неевропски тим во ова натпреварување. 

Информацијата навивачите ја примија со доза негативни коментари и сметаат дека АБА лигата го нарушила својот традиционален концепт, но Дубаи е клуб кој вети огромни инвестиции во популаризацијата на кошарката и се очекува да создаде силен тим за премиерниот настап во јадранската конкуренција. 

Вчера се појавија информации дека новајлијата со сите сили се обидува да го привлече Александар Ѓорѓевиќ за тренер на првиот тим, но за ова сѐ уште нема никаква официјална потврда. Едно е сигурно, клубот ќе биде на здрави нозе и постојано ќе располага со голем буџет, нешто што веројатно им одговара на челните лица во АБА лигата. 

Постојат најави дека Дубаи за две години ќе настапува во Еврокупот или во Евролигата, но овие организации сѐ уште се немаат официјално изјаснето на оваа тема. Очигледно е дека парите се скоро секогаш клучен фактор во спортот, па така е и во овој случај.