• Сашо Поповски

25-годишниот, Костас Папаниколау, се враќа во својата бивша екипа, Олимпијакос од Пиреја. Гркот ќе потпише договор, кој ќе трае до јуни 2019 година.
Откако се обиде да се пресели во најсилната лига во светот, НБА лигата, Папаниколау повторно се враќа во Европа, во екипата со која веќе на двапати беше шампион на стариот континент. Неговата последна екипа, Денвер Нагетс, не сакаше да му го продолжи договорот, така што од јануари годинава, тој стана слободен играч.
Со Олимпијакос освои се што можеше да се освои. На двапати беше на врвот на Европа, еднаш шампион на Грција, а во меѓувреме беше избран и за најдобар млад играч во својата земја, и тоа во 2009 и 2012 година.