• Саше Љолес
Најмладиот член на семејството Адетокумбо, Алекс, официјално стана нов играч на грчкиот ПАОК, соопшти клупската управа.
23-годишниот Адетокумбо претходно играше за шпанската Мурсија, литванскиот Мажеикјај, како и во американската Џи лига, каде настапуваше во дресот на Рапторс 905 и Висконсин Херд.
Минатата сезона ја мина во дресот на Подгорица, каде имаше незначаен учинок од 2,3 поени и 1,4 асистенција по натпревар. Крилниот кошаркар веќе одигра неколку натпревари за ПАОК, а управата реши да му понуди едногодишен договор.
