ПАОК го доведе кај себе четвртиот Адетокумбо!

Најмладиот од четворицата браќа Адетокумбо, Александрос (Алекс), официјално потпиша договор со грчкиот ПАОК и пристигнува во Солун од таборот на КК Подгорица, каде сезонава одигра само пет натпревари. 

Во црногорскиот тим забележа солиден учинок од 10,5 поени по натпревар и се очекува да биде солидно засилување за грчкиот прволигаш. Кариерата ја започна во шпанската Мурсија, а потоа играше за Рапторс 905, Висконсин Херд, М Баскет Мажеикаи и Подгорица. 

Алекс Адетокумбо има тројца браќа кои имаат завидни кариери. Најголема ѕвезда е Јанис, кој настапува за Милвоки Бакс во НБА лигата, помладиот Костас игра во европскиот првак Панатинаикос, додека третиот брат, Танасис, исто така е под договор „Бакси“, но во моментов настапува за нивната филијала, Висконсин.