ПАОК доведе големо засилување, потпиша со Елстон Тарнер

По одлични настапи во Италија, каде остави одличен впечаток, американскиог бек Елстон Тарнер се сели во Грција и ќе го носи дресот на солунски ПАОК. 30-годишникот од Тексас настапуваше за развојните екипи од Лас Вегас и Сакраменто.

Овој искусен кошаркар се обврза на договор на една сезона со „црно-белите“ од Солун. Со потписот на Тарнер, челниците на ПАОК се надеваат дека можат да го подигнат интересот и да го намалат квалитативниот простор со атинските клубови.

ПАОК нема да го намали буџетот по пандемијата од ковид-19, како што тоа го направија повеќето грчки екипи во најсилната категорија.