ПАО се заканува: По првата сомнителна одлука, ќе застанеме и ќе излеземе од терен!

Димитриос

Сопственикот на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакополус, ја продолжува битката со Евролигата. Тој смета дека лигата е „наместена“ и се закани дека неговиот тим нема да продолжи да се натпреварува во истата.

Грчкиот прволигаш губи во четвртфиналната серија против Реал Мадрид, а утре го игра вториот натпревар на гостински терен, кој би можел да биде последен за тековната сезона. 

Јанакополус не беше задоволен од арбитражата на вчерашниот меч, кој неговиот тим го загуби во последните минути со 81-74, а им порача и на „кралевите“ да не бидат среќни кога победуваат со помош на одлуките на судиите.

Дека е сериозен во својата намера потврди преку својот Инстаграм профил со пораката дека кошаркарите на ПАО ќе се повлечат од теренот при првата сомнителна одлука на утрешниот натпревар.