ПАО промовира засилување со завидно НБА искуство

Екипата на Панатинаикос се пофали со капитално засилување на бековските позиции. 

Нов член на грчкиот гигант е Јоги Ферел, кој во својата кариера настапуваше во НБА лигата. Откако го заврши колеџот во Индијана, Ферел заигра за Бруклин Нетс, па за Далас Маверикс и Сакраменто Кингс

Сепак, откако не се наметна минатата сезона беше член на Кливленд, па Лос Анџелес Клиперс, но во НБА одигра вкупно осум натпревари и повеќе настапуваше во развојната лига. 

И покрај тоа, Ферел поседува завидни карактеристики со кои може да биде добар во Европа. тој е добаш шутер за три поени и е многу брз, а во својата НБА кариера има просек од 7,7 поени, 2,1 скок и 2,3 асистенции, што воопшто не е лошо.