ПАО останува без еден од своите најдобри стрелци

Евролигашката сезона нема да биде комплетирана регуларно поради пандемијата со коронавирусот, па челниците испитуваат различни опции и градови кои може да бидат домаќини на последната фаза, односно завршницата на сезоната 2019/20 година.

Големите екипи претрпеа неколку промени во овој „празен“ период без кошаркарски натпревари. Грчки Панатинаикос би можел да остане без неколку клучни играчи, а еден од нив кој речиси сигурно заминува е одличниот Дешон Томас.

Одличниот поентер ќе си замине од Грција, но нема да ја напушти Европа. Во ред за неговиот потпис веќе има неколку гиганти од стариот континент.

Се работи за Химки, Зенит, Макаби и Олимпија Милано, клубови кои би сакале да го видат во своите редови.