• Саше Љолес

Кошаркарите на Панатинаикос остварија нова победа во грчкиот шампионат и славеа во вечното дерби против Олимпијакос со конечни 78-72, задржувајќи го стопроцентниот учинок и по петнаесет одиграни кола.
„Детелинките“ на Ергин Атаман долго се бореа за да го обезбедат триумфот, кој го осигураа во последите десет минути. На паузата водеа со 38-30, но потоа Олимпијакос се врати во егал и внесе неизвесност на крајот од третата четвртина.
Финалниот период го доведе гостинот на шест поени негатива, но работите за Олимпијакос тргнаа надолу после неспортската лична грешка врз Слукас, по која ривалот „побегна“ на +8 и до крајот не го испушти триумфот.
Најефикасни во победничкиот тим беа Џеријан Грант и Чеди Осман со по 18 поени, додека на спротивната страна Александар Везенков постигна два повеќе. Панатинаикос има максимален ефект од петнаесет победи, додека за Олимпијакос ова е втор пораз сезонава.