ВИДЕО: ПАО ја изненади ЦСКА, Калатес со тројка од табла го сруши фаворитот

Калатес

Кошаркарите на Панатинаикос победија на гостувањето кај ЦСКА Москва (77-78) во 26. коло од Евролигата и тоа на драматичен начин, со тројка во последните секунди од натпреварот. 

Херој на грчката екипа беше плејмејкерот Ник Калатес кој погоди од табла и донесе голема радост на тешкиот меч против второпласираниот тим на табелата.

Гостите постојано беа во негатива и бркаа резултат кој успеаја да го свртат во своја полза со одличното второ полувреме. Најпрво се доближија на крајот од третиот период за да направат целосен пресврт во завршницата, со среќен шут на Американецот со грчко потекло.

Извештај од натпреварот: 

Дешон Томас со 12 и Калатес со 11 поени се истакнаа кај ПАО, а кај рускиот гигант симултанка одигра Серхио Родригез (23).

Славјето во соблекувалната на Панатинаикос по победата во Москва: