• Зоран Мишевски
Европскиот првак Панатинаикос гради уште посилен тим за сезоната 2024/25. Литванецот Мариус Григонис потпиша нов тригодишен договор со грчкиот шампион, соопштија од клубот од Атина.
Минатата сезона во Евролигата Григонис имаше просек од 9,1 поен, 2,7 скока и 1,3 асистенции по натпревар и со тоа му помогна на клубот од Атина да ја добие седмата европска шампионска титула.
Григонис во својата кариера настапуваше за Жалгирис, Пењас, Манреса, Тенерифе, Алба и ЦСКА Москва.