Пантер на ниво, Барса сигурна против Бешикташ

Кошаркарите на Барселона забележаа важна победа на гостувањето кај Бешикташ, славејќи со 95-82 во рамки од третото коло во Евролигата.

Каталонците одиграа сигурен натпревар и во текот на мечот ја контролираа играта, па на крајот заслужено стигнаа до триумф во Истанбул. Најефикасен во победничкиот состав беше Кевин Пантер со 16 поени, на кои додаде четири асистенции, два скока и една украдена топка.

Умуџа Гибсон постигна 15 поени и подели три асистенции, додека Балцеровски и Нкамува натпреварот го завршија со по 11 поени. Кај Бешикташ, најрасположен беше Скоти Вилбекин со 17 поени, но неговиот учинок не беше доволен за турскиот тим да избегне пораз на домашен терен.

Бешикташ сега има учинок од две победи и два пораза, а во следното коло ќе игра на гости против Басконија. Барселона ја обезбеди својата втора победа сезонава, а нејзин следен противник ќе биде Жалгирис.

За разлика од Бешикташ, вториот турски претставник во Евролигата, Фенербахче, вечерва беше сигурен на домашен терен и славеше над Дубаи со 76-66.