• Иван Димовски
Кошаркарите на Барселона се радуваа на победа на гостувањето кај Партизан (79-87) во рамките на деветтото коло на Евролигата. Средбата во „Штарк Арената“ се одигра пред полни трибини, имаше Партизан свои добри моменти, но загуби од шпанскиот гигант. Добар дочек во Белград имаше поранешниот капитен Кевин Пантер кој доби врамен дрес и овации од трибините, а добро дочекан беше и Јан Весели.
.@KPJunior_ is honoured
Loved in Belgrade #EveryGameMatters pic.twitter.com/W6jwiPMLiG
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 13, 2024
Средбата тргна одлично за српскиот тим, Барселона не се снајде најдобро во белградскиот пекол и губеше со 21-11. Сепак, следеше пад на Партизан и тоа ривалот знаеше да го казни за да се врати во мечот. Во втората четвртина се играше егал до 32-32, а тогаш Барселона врза серија од 0-12 со која двоцифрено поведе. На полувреме Шпанците заминаа со 35-49.
Поведе Барса и со највисоки +23 во третиот период, меѓутоа тогаш целосно се опушти. Партизан полека почна да ја топи негативата, во последната четвртина влезе со „минус 12“. Иако Барселона пак поведе со 61-76, следеше криза во играта и Србите направија серија од 15-2.
Во последните две минути имаше драма. Весели направи наивен фаул врз Лундберг и му даде три слободни фрлања со кои Партизан дојде на 79-80. Во клучен момент на сцена стапи Абринас кој погоди тешка тројка, а потоа српскиот тим погреши неколку пати. Барселона на крајот славеше со осум разлика и дојде до победа во белградската арена.
Пантер беше најефикасен играч на мечот со 18 поени, додека кај домашните се истакна Карлик Џонс со еден помалку.