Паника во Олимпијакос, повредата на Милутинов е посериозна

Српскиот кошаркар Никола Милутинов се здоби со незгодна повреда. Грчкиот кошаркарски клуб Олимпијакос соопшти дека нивниот најдобар центар се повредил на тренингот во понеделникот и дека му е повреден скочниот зглоб на десната нога.

Грчките портали пишуваат дека по прегледите настанала мала паника во Олимпијакос, бидејќи повредата е посериозна отколку што се мислеше. Некои наведуваат дека Милутинов ќе отсуствува до ноември, но има шанси за подобри вести, бидејќи се чека потврда од лекарите на Олимпијакос.

Тоа значи дека грчките „црвено-бели“ ќе ја започнат сезоната без Србинот, но стравуваат од посериозна повреда, иако овие наводи сè уште се непотврдени.