Панатинаикос стана европски првак, познато е колкава премија ќе добие

Кошаркарите на Панатинаикос направија огромен подвиг и го освоија трофејот во Евролигата, откако го детронизираа Реал Мадрид во финалето во Берлин. 

Од оваа сезона се зголемени премиите во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување на светот. Сепак, тоа не е ништо драстично и се очекува европскиот првак Панатинаикос да добие премија од нешто повеќе од 1,7 милиони евра. Второпласираниот Реал Мадрид ќе заработи нешто под милион. 

Бронзениот Олимпијакос ќе добие 879.000 евра, додека Фенербахче има премија од 762.000. Примања поголеми од половина милион имаат само уште четирите останати клуба кои играа во плеј-офот на Евролигата, а тоа се Барселона, Монако, Макаби и Басконија.

Интересно е да се направи паралела меѓу фудбалот и кошарката, бидејќи победникот на финалето во Лигата на шампионите во фудбал следниот викенд ќе добие вкупна награда од околу 85 милиони евра...