Панатинаикос слави во дербито со Фенер, тешки победи за Барса и Баерн

Европскиот првак Панатинаикос забележа победа над Фенербахче (76-81) во петтата рунда на Евролигата. Грчкиот тим по два порази се врати на победничките патеки на тешкото гостување. Во текот на мечот Панатинаикос водеше долго, имаше и двоцифрена предност, ама пред крајот имаше драма. Сепак, Фенер не успеа да направи пресврт и да слави. Биберовиќ од Фенер со 16 поени беше најефикасен, а Кевин Нун од Панатинаикос имаше еден помалку. 

Барселона по голема битка го совлада Асвел со 90-83. Мечот во „Палау Блауграна“ понуди борба до самиот крај со среќен крај за домашната екипа. Каталонскиот гигант се врати од негатива во последната четвртина и слави победа на крајот. Маледон со 21 поен беше најдобар поентер, додека Кевин Пантер ја предводеше Барселона со 20.

Кошаркарите на Баерн се радуваа на голем триумф во тежок дуел против Олимпијакос (84-80). Во Минхен се водеше битка за победата до самиот крај, а баварците имаа повеќе концентрација. Со 30 поени Карсен Едвардс беше најефикасен играч на мечот, додека кај Олимпијакос се истакна Везенков со 16.