Панатинаикос се засили со најдобриот кошаркар на Бурсаспор

Грчкиот гигант Панатинаикос соопшти дека нов играч на клубот е Ендрју Ендрјус. Неодамнешниот ас на Бурсаспор потпиша двегодишен договор со грчкиот клуб. Ендрјус минатата сезона имаше просек од 14,1 поен и 4,2 асистенции во Еврокупот, каде Бурса стигна до финалето.

Овој 29-годишен Американец беше незапирлив во плеј-офот од Еврокупот, а најдобрата партија ја одигра против Партизан во осминафиналето, кога постигна 24 поени, надополнети со осум скока и десет асистенции.

Ендрјус минатата сезона во турскиот шампионат оствари просек од 14,4 поени, 3,3 скока и 4,4 асистенции по натпревар.