• Саше Љолес
Порталот „Basketnews“ пренесува дека техничкиот директор на Панатинаикос, Сани Бечировиќ, го потврдил големиот интерес за македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс.
Се шпекулираше деновиве дека Американецот со македонски пасош има понуди и од НБА лигата, но со изјавата на Бечировиќ, се зголемуваат апетитите и на грчките фанови.
„Има многу заинтересирани клубови за Шортс, не сме само ние во игра. Тој е тип на играч кој секој тим би го посакал кај себе. Имавме прилика да му го презентираме нашиот план и веќе разговаравме, но конечната одлука е негова“, рече Бечировиќ.
Шортс беше вистинска ѕвезда сезонава во Евролигата и доби место во најдобриот тим на елитното натпреварување. 27-годишниот плејмејкер постигнуваше 18,8 поени и 7,5 асистенции по натпревар, остварувајќи просечен индекс од 23,3 поени.
ФОТО/PHOTO: Paris Basketball