Панатинаикос ја освои 38-та титула првак на Грција

Уште кога беше исфрлен Олимпијакос од грчката Суперлига беше јасно дека шампионската титула ќе ја освои Панатинаикос. Финалето против Промитеас беше чиста формалност и со чисти 3-0 „зелените“ стигнаа до уште една титула.

38-та титула ПАО ја обезбеди со убедливата победа од 111-77 во третиот натпревар. Со 31-8 во третиот период победникот беше решен, па финишот донесе само егизбиција.

Томас со 16 и Лоџески со 13 поени беа најефикасни поединци во победничкиот табор, а Лонгстон Хол со 12 поени беше најефикасен во тимот на Прометеас. 

Панатинаикос следната сезона ќе ја претстатвува Грција во Евролигата, а судбината на Олимпијакос и покрај постоечкиот договор е неизвесна.