• Симеончо Стоиков
Вечните грчки ривали од Атина, екипите на Панатинаикос и Олимпијакос, покрај борбата на теренот, водат борба и надвор од него. Доказ за ова е и трката кој побрзо ќе стигне до потпис на договор со досегашниот играч на Галатасарај, Џоел Дорси, кој што го напушта клубот од Истанбул.
Доколку Дорси се одлучи да потпише за „црвено-белите” од Пиреја, тоа практично би значело кам-бек во клубот со кој што во 2012 година ја освои Евролигата.
Сепак ако не дојде до договор со Олимпијакос и се реши да премине во Панатинаикос кој исто така бара нов центар, би го навлекол гневот кај навивачите чиј миленик беше пред неколку години.