Панатинаикос ѝ кажа збогум на Евролигата

Екипата на Панатинаикос во иднина нема да игра во кошаркарската Евролига и ќе биде дел од натпреварувањата на ФИБА, соопшти првиот човек на клубот, Димитрис Јанакопулос.

Газдата на кошаркарскиот тим од Атина беше казнет со една година суспензија од кошарката од челниците на Евролигата, но не ја испочитува истата. Последниот состанок на двете страни тој го напуштил бесен, а на социјалните мрежи најави дека тимот од наредната сезона ќе игра во натпреварувањата под капата на ФИБА.

Панатинаикос речиси сигурно ќе биде дел од кошаркарската Лига на шампиони.