Панатинаикос го врати Мајк Џејмс по лошата авантура во Њу Орлеанс

Американскиот кошаркар, Мајк Џејмс најави заминување од Њу Орлеанс Пеликанс и враќање во грчкиот гигант, Панатинаикос. Американецот во сезоната 2016/2017 веќе настапуваше за „детелинките“ од Атина.

Џејмс кратко го носеше дресот на Феникс Санс, но брзо доби отказ и среќата си ја побара меѓу „пеликаните“, но и таму не се пронајде. Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос веднаш го повика и му понуди договор до крајот на сезоната.

Џејмс ќе биде пријавен и во Евролигата, доколку воопшто Панатинаикос таму настапува, со оглед на најавата за бојкот и откажување од натпреварувањето.