Панатинаикос го продолжи договорот со Американецот Џеријан Грант

Американецот Џеријан Грант го продолжи договорот со Панатинаикос и ќе остане во грчкиот гигант до крајот на сезоната 2027/28. 

Информацијата ја потврди клубот, од каде истакнаа дека новата соработка доаѓа на меѓусебно задоволство. Грант е во ПАО од 2023 година, а минатата сезона просечно бележеше 8,7 поени и 3,3 асистенции во Евролигата. 

Панатинаикос ја заврши оваа сезона со трофејот од Купот на Грција, додека во финалната серија за шампионската титула загуби од вечниот ривал, Олимпијакос. 

ФОТО/PHOTO: Panathinaikos BC