Панатинаикос договори центар кој играше во НБА-финалето

Не успеаја да го победат Денвер Нагетс и да го доведат Јонас Валанчиунас, но очигледно се успешни во новата задача. Челниците на Панатинаикос финализираа големо засилување на централната позиција и го договија Томас Брајант.

Овој кошаркар играше за Мајами минатата сезона, потоа потпиша за Индијана, каде што просечно бележеше 8,9 поени и 4 скока по натпревар за 15 минути. Поранешниот кошаркар на Лејкерси, Вашингтон и Денвер е многу блиску до потпишување за ПАО, а неговата плата во Панатинаикос би требало да изнесува три милиони долари годишно.

Томас Брајант играше во финалето на НБА лигата и дефинитивно би можел многу да му помогне на Ергин Атаман да стигне до нова титула европски шампион.