• Зоран Мишевски

Поранешниот словенечки кошаркар Сани Бечировиќ ќе биде именуван за нов генерален директор на Панатинаикос.
Бечировиќ ќе го замени Аргирис Педулакис на местото генералниот директор и прва работа ќе му биде да го доведе Пабло Ласо на функцијата нов тренер на грчкиот тим. Поранешниот плејмејкер играше во Панатинаикос од 2006 до 2008 година, додека сезоната 2015/2016 ја мина во клубот како помошник тренер на Александар Ѓорѓевиќ.
„Детелинките“ играат лоша сезона во Евролигата, веќе го сменија тренерот Радоњиќ, а нема да играат ви плеј-офот меѓу осумте најдобри. Во пресрет на грчкиот плеј-оф не му се даваат големи шанси на кошаркарите на Панатинаикос, во конкуренција на фаворитот Олимпијакос.