Панатинаикос бара 681.000 евра од Евролигата!

Јазот меѓу Панатинаикос и Евролигата е толку длабок што веќе постојат информации низ медиумите дека „зелените“ би можеле да играат во Лигата на шампионите на ФИБА. Дека станува збор за сериозен конфликт потврдува следната вест. 

Панатинаикос, односно сопственикот Димитрис Јанакопулос, ангажираше адвокатска фирма за да може да добие 681.000 евра од Евролигата. Раководството на најквалитетното кошаркарско натпреварување има 72 часа да ги исплати овие пари на грчкиот клуб, инаку целата работа ќе оди на суд.

Во меѓувреме, Манос Пападопулос, поранешниот тим-менаџер, доби информација дека не смее повеќе да седи на клупата на евролигашките натпревари.