Пајиќ и Сапунџиев продолжија со Фени, се чека и на Марковски

Македонскиот кошаркарски прволигаш Фени Индустри продолжи да го крои тимот за наредната сезона и обнови договори со двајца првотимци кои беа важен дел од ростерот во плеј-аутот во кој кавадарчани беа најдобри.

Дел од Фени Индустри во иднина ќе останат Предраг Пајиќ и Иван Сапунџиев. Двајцата кошаркари се договорија за продолжување на соработката со тимот, кој претходно официјализраше и двајца нови кошаркари од САД.

Активни преговори се водат и со Горјан Марковски, кој исто така е важен дел од Фени Индустри. Двете страни веќе го имаа првичниот состанок, а дали ќе се договорат за продолжување на соработката, останува да видиме во наредниот период.

Фени Индустри во минатата сезона играше во плеј-аутот, каде во конкуренција на Кожув, Пелистер, Шкупи, Карпош Соколи и Струмица беше најдобар. Тимот на Малинков има поголеми апетити за наредната сезона, а тоа е пласман во Суперлигата.